Џерард со слика и порака на Инстаграм ги расплака навивачите на Ливерпул (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул ја освои титулата во Премиерлигата по 30 години пауза. Откако Манчестер сити загуби од Челси со 1-2, екипата од „Енфилд“ и математички ја обезбеди титулата.

Навивачите на Ливерпул најмногу жалат поради тоа што дел од овој тим не е Стивен Џерард. Сепак, тој никогаш не успеа да биде шампион со „црвените“, но покажа дека овој клуб и понатаму му е во срцето.

Џерард на Инстаграм објави фотографија со Џордан Хендерсон, кој ја доби капитенската лента по неговото заминување, а пораката на Стивен ги воодушеви сите.

„Не можев да ја дадам капитенската лента на подобра личност. Горд сум на тебе пријателе!“, порача Џерард.