Рој Кин ќе седне на селекторското кормило на Азербејџан!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин во моментов преговара со Азербејџан за да седне на кормилото на репрезентацијата.

Азербејџан работи на развој на екипата, па поради тоа сакаат да ангажираат некое познато име на селекторската позиција.

Преговорите се во напредна фаза и Кин најверојатно ќе седне на кормилото во следните 48 часа, доколку разговорите одат во вистински правец.

Кин претходно работеше како помошник-тренер на Нотингем форест, а претходно ги тренираше и Сандерлен и Ипсвич.