Се спукаа Бекер и Кирјос: Легендата го нарече Кирјос – глушец, па тој го навреди за сите пари!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Борис Бекер влезе во војна на социјалните мрежи со Ник Кирјос. Познато е дека контроверзниот тенисер прво удри по Новак Ѓоковиќ поради организација на „Адрија Тур“, а потоа го нападна и Александер Зверев, кој беше на забава.

Бекер застана во заштита на тенисерите со кои е во добри односи, иако не ги спомена конкретно Новак и Александер.

„Не сакам глувци. Секој кој ги критикува колегите спортисти не е мој пријател. Погледни се во огледало“, напиша Бекер.

Веднаш потоа следеше брутален одговор на Кирјос.

„Не се натпреварува и не сакам никој да го фрлам на волците. Ова е глобална пандемија и ако некој идиот како Зверев го прави тоа, секако дека ќе го критикувам, едноставно е! Борис Бекер е поглупав од што мислев“, напиша Кирјос.