Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона под Кике Сетиен не игра добро.
Каталонците прават грешки, Реал Мадрид ја зазеде водечката позиција и Барса е подалеку и подалеку од одбрана на шпанската титула.
Сетиен трпи многу критики заради начинот на кој тимот игра. Како и да е, 61-годишниот стручњак е убеден дека ја работи вистинската работа, а синоќа беше остро критикуван за тоа што само во 90-та минута го стави во игра Антоан Гризман.
Тренерот на Барселона ја брани својата одлука да го внесе во игра Гризман во самиот финиш.
„Зошто влезе во самиот крај? Фудбалерите на теренот направија добра работа. Јас нема да му се извинам, но ќе разговарам со него“, рече Сетиен, додавајќи:
“Не сум среќен затоа што не победивме. Сепак, јас сум среќен затоа што повеќето играчи одиграа одличен натпревар против големиот ривал. Бевме исклучително добри, но ни недостасуваше завршница”.
Доколку Реал Мадрид го победи Хетафе утре ќе имаат предност од четири бода во однос на Барселона и тоа би можело да биде клучна предност во борбата за титулата.