„За Луиз може да се напише роман“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, пред натпреварот против Челси во петокот, го истакна квалитетот на противничкиот тим а поготово го издвои искусниот стопер Давид Луиз. Германецот нагласи дека бразилскиот дефанзивец ќе биде голема пречка за неговите млади напаѓачи.

„Луиз има интересна и импресивна кариера. За него може да се напише роман. Многу сум зборувал за квалитетните фудбалери на Челси а така е и со Давид Луиз. Тој е одличен во секој сегмент на играта, на наша несреќа“, рече Клоп.

Менаџерот на Ливерпул додаде дека Луиз е вистинска замена за повредениот Џон Тери, па Челси секако нема да има недостаток на искуство на теренот.

29-годишниот Луиз во последниот ден од летниот преоден рок се врати на Стенфорд Бриџ, после две години во редовите на Пари Сен Жермен, а порано играше и за Бенфика и за бразилска Виториа.