Формула 1 за првпат ќе се вози на популарна Мото ГП патека!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Формула 1 сезонава за првпат ќе гостува на познатата патека во Мото ГП, односно Муџело. Големата награда на Италија ќе се вози на 13 септември, пред да се пресели „најбрзиот циркус“ во Сочи, каде што за 27 септември е закажана Големата награда на Русија.

Патеката Муџело официјално му припаѓа на Ферари, кој на неа ги прави своите тестирања. Таа е избрана поради фактот дека тимот на Ферари на 13 септември ќе ја вози својата 1000. трка во Ф1.

Досега Ф1 се возеше на три различни патеки во Италија, односно Монца, Имола и Пескара.