Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роџер Федерер се јави по повод новиот систем на бодување за финишот на сезоната, кој го објави АТП.
Швајцарецот призна дека е задоволен со одлуката и дека тоа го прави опуштен. Тој нема да игра на претстојните турнири, а според новиот систем нема да загуби многу бодови од минатата сезона.
„Моите навивачи се сигурно среќни затоа што нема да освојуваат многу бодови ривалите, додека јас не играм. Што се однесува до мене, овој систем ме прави опуштен. Се надевам дека ќе може да играм во декември“, кажа Федерер.
Тениската сезона треба да продолжи на 14 август.