Поранешниот кошаркар на Партизан избира – Барселона или НБА?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар на Партизан, Џок Лендејл, наскоро би можел да направи потег на кариерата.

После една година помината во Белград, каде остави многу добар впечаток, пристигна во Жалгирис, но нов трансфер може да следи ова лето.

Според шпанските медиуми, Барселона, која неодамна ја презеде Шарунас Јасикевичиус, е заинтересирана за играчот на австралиската репрезентација.

Литванецот е добро запознаен со квалитетите на Лендејл, кого го тренираше минатата сезона, но намерата на 24-годишниот центар да замине на драфтот во НБА лигата може да биде пречка.

Се шпекулира дека Барса би морала да плати околу 150.000 евра за да го донесе Лендејл во Каталонија.