Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Раководството на Барселона се задолжи за 800 милиони евра. А оваа информација ја откри поранешниот претседател на клубот, Жоан Лапорта, кој реши да открие одредени тајни на актуелното раководство.
„Не знам дали договорот е официјално потпишан или постои само пред-договор. Се задолжиле со 800 милиони евра кај инвестициска банка и ќе ги враќаат во следните 20 години“, кажа Лапорта.
Лапорта тврди дека управата на клубот не направила добри работи..
„Тоа ќе биде клуб со милијарда приходи, но и со милијарда трошоци и долгови. Ќе биде тешко за тој што ќе дојде на чело на клубот во иднина“, објаснува тој.
Исто така, Лапорта откри дека долгот на клубот во моментов изнесува 217 милиони евра.