Шефилд се подготвува за живот по Хендерсон, голманот дефинитивно се враќа на „Олд Трафорд“?

Дин Хендерсон го привлече вниманието на јавноста во Англија со своите одлични партии во дресот на Шефилд Јунајтед.

Манчестер Јунајтед сака да го задржи неговиот договор, но не е во можност да му понуди првотимски фудбал затоа што во клубот се уште е Давид Де Геа кој се уште е неприкосновен меѓу стативите на клубот.

Хендерсон би можел да фигурира како втор голман на Манчестер Јунајтед следната сезона иако поголема е веројатноста тој да замине повторно на позајмица.

Сепак, не е познато дали тоа ќе биде Шефилд Јунајтед кој денес го претстави голманот Вес Фодерингам кој пристигна на „Брамал Лејн“ од таборот на Ренџерс.