Одмаздата се сервира ладна – Јунајтед планира реванш со Јувентус за Погба!

За младиот играч полуде пола Премиер лига. Јувентус во фрка, дали за нив ќе се случи „Погба“.

Европа зборува за бајката за ова момче.

Во прашање е Григорио Кастањос од Кипар , момчето има 18 години, пред две од својот остров стигна во Јуве и заигра во Примавера на славниот клуб.

Со 17 години дебитираше за сениорската репрезентација на Кипар, досега не доби шанса во првиот тим на Јувентус кој му нуди договор и сакаа да вградат клаузула веќе од 20 милиони евра.

Во Торино се плашат дека како слободен играч може да замине во Англија.

Доста клубови се распрашуваа, Евертон му нудеше договор и огромни пари, но тој цели поголем клуб.

Се појави Јунајтед, на овој начин сакаат да се реваншираат за Погба кој во 2012 година отиде како слободен играч во Торино, а Ѓаволите четири години подоцна за светски рекорд го вратија во  клубот.

Тој игра на место централен играч за врска, во Јувентус го проектираа како нов Пирло, но може да игра и по страните, поофанзивно.

Тој има договор до наредната сезона, како што рековме, понудено му е продолжување, сеуште се чека одговор.