Жозе добива добро познато име како помошник во Тотенхем

Медиумите во Англија пренесуваат дека Жозе Мурињо би можел да добие добро познато име како помошник во своите редови.

„Телеграф“ пишува дека Ледли Кинг е во преговори со Тотенхем за да стане член на стручниот штаб на клубот.

Тактичкиот аналитичар на Мурињо, Рикардо Формосињо ќе си замине од клубот по крајот на сезоната, а португалскиот стратег него ќе го замени со Ледли Кинг.