Крос за најголемиот проблем на Реал: Сè почна минатото лето!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Тони Крос зборуваше за проблемот на Герет Бејл во Реал Мадрид. Тој се однесува незаинтересирано во последно време, па ги нервира навивачите во клубот.

Крос сега објасни зошто се случува тоа и зошто репрезентативецот на Велс станал таков.

„Јасно е дека целата ситуација во Реал е лоша за клубот. Мислам дека бејл уште е лут поради тоа што се случи минатото лето. Сакаше да замине и доби сигнал за такво нешто, а потоа во последен момент го изневерија. Поради тоа му е тешко“, кажа Крос.

Од тогаш, Бејл реши да го почитува договорот со Реал до крајот, а тоа го потврди и тренерот Зинедин Зидан, кој кажа дека фудаблерот останува во тимот.