Барселона на босански јазик се огласи на Твитер, откако Пјаниќ стана првак со Јуве


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неверојатната доминација на Јувентус продолжи и оваа сезона, па така Бјанконерите 9ти пат по ред успеаа да го освојат скудетото. По натпреварот во центарот на вниманието се најде и босанскиот репрезентативец Пјаниќ, кој на крајот од сезоната го напушта Јувентус.

Тој ќе го одигра остатокот од сезоната во Серија А и ЛШ за Јувентус, а потоа заминува во Барселона. Јасно е дека Барса ги следи игрите на Пјаниќ кој синоќа беше еден од најдобрите на теренот.

За босанскиот везен ова е четврта титула по ред, а наредната сезона ќе се бори за титула во Шпанија во дресот на Барселона. Каталонците синоќа ја покажаа својата големина, па на Твитер му ја честитаа титулата и тоа на босански јазик.