Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На 39-годишна возраст, Златан Ибрахимовиќ игра навистина фантастично.
Ибра ги разбуди Росонерите. Тој е вистински лидер на тим кој игра навистина феноменално во продолжението на сезоната.
Очигледно, шведскиот напаѓач ќе го носи дресот на „Росонерите“ и следната сезона. Управата на клубот од Сан Сиро е подготвена да му понуди нов договор, а планот беше да му плати 4,5 милиони евра следната сезона.
Сепак, Ибрахимовиќ смета дека тој заслужува многу повеќе пари. Тој тврди дека сè уште е подготвен и дека ќе ги постави условите за кои смета дека му одговараат.
“Јас сум најподготвен во тимот. Јас правам разлика и ја давам душата на депресивна група. Подготвен сум да ја продолжам соработката, но вие треба да ме третирате како лидер и да ме платите на тој начин”, рече Ибрахимовиќ на средбата со челниците на Милан.
Сега се чека одговор од менаџментот. Нема сомнение дека Ибрахимовиќ е важна алка во играта на клубот и дека само неговото присуство на теренот и во тимот носи многу.
Италијанските медиуми тврдат дека раководството на „Росонерите“ поради тоа е подготвено да ги прифати условите што ги бара Ибра и тоа сигурно би бил преседан во светот на фудбалот. Само Златан може да добие договор според условите што ги постави самиот.