Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Словенечката кошаркарска sвезда Лука Дончиќ крена многу прашина поради коментарите по првите два натпревари.
НБА-лигата се враќа со Њу Орлеанс – Јута и Лос Анџелес Лејкерс – ЛА Клиперс во Орландо, додека Далас ќе се соочи со Хјустон во сабота вечер.
Дончиќ го гледаше дербито во Лос Анџелес, а по настапот на Пол Џорџ, кој постигна 30 поени, но и промаши клучни шутеви, тој напиша:
„ПГ30 е проблем. Отсекогаш било така“.
Тој пост на Доншиќ привлече бројни коментари, а некои напишаа дека тој треба да замине во кревет и да се подготви за својот натпревар, а не да коментира за Џорџ и неговата игра.
На крајот на краиштата, некои му пишаа: „Мајкл Џордан никогаш немаше да напише такво нешто за Коби непосредно пред плеј-офот“.
Лејкерси би можеле да бидат ривал на Далас на почетокот од плеј-офот, поради што коментарот на Дончиќ им пречи уште повеќе на љубителите на кошарката во НБА.