Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каде ќе ја продолжи Бразилецот својата кариера?
Според англиските медиуми, фудбалерот на Челси, Вилијан има две понуди на маса.
Истекува договорот на Бразилецот со „Сините“, голем број на екипи се заинтересирани за неговите услуги, а управата на клубот од „Бриџ“ е подготвена да го задржи во своите редови.
Така му испратија официјална понуда за продолжување на соработката, но Барселона исто така понуди договор на големиот крилен играч.
Каталонците се обидоа да го ангажираат и минатото лето, не успеаја да постигнат договор со „Сините“, сега се прашува само Бразилецот, па „Блауграна“ се повторно во игра.
Наводно, вице-шампионот на Шпанија понудил тригодишна соработка на Вилијан, што ја бара поранешниот играч на Шахтјор и Анжи.
Сепак, се прашуваат и Арсенал, кој загриза за 31-годишниот фудбалер и наводно имаат важна улога во целата приказна.
„Топчиите“ сè уште немаат официјална понуда, но јасно е дека ќе треба да го сторат тоа наскоро.