Фулам последен тим кој ќе игра во Премиер лигата


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тимот на Фулам е последниот тим кој го пополни празното место во Премиер лигата за следната сезона.

Избраниците на Скот Паркер беа подобри од Бренфорд во финалето од плеј-офот одиграно на „Вембли“ со 2:1.

Конечниот резултат го добивме по продолженијата откако во регуларниот дел резултатот беше 0:0.

Фулам со два гола на Брајан, еден во првото еден во второто продолжение поведе со 2:0, додека Брентфорд погоди во последната минута само за ублажување на поразот.