(ВИДЕО) Додека сите зборуваат за Тајсон, неговиот ривал се подготвува во мир: Ова ќе биде жестока пресметка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рој Џонс ЏР ќе се бори со Мајк Тајсон на 12. септември во хуманитарен натпревар.

Тајсон и Џонс договорија дуел во осум рунди, а според правилата на судиите нема да има , па борбата ќе заврши нерешено или евентуално со нокаут.

И додека сите посветуваат многу внимание на Тајсон чии тренинзи се навистина спектакуларни, Рој Џонс се подготвува во мир. Тој сè уште не се претстави спектакуларно како Тајсон, но овој 51-годишник сè уште има жестоки удари.

Да потсетиме, Рој Џонс ЏР е поранешен светски шампион во дури четири категории. Се бореше од средна до тешка категорија, а во својата кариера направи 75 борби, од кои во 66 победи.

Неговата предност е секако дека тој се пензионираше пред само две и пол години и тоа откако го победи Скот Сигмон со едногласна одлука на судиите.