Реал Мадрид призна дека направил огромна грешка!

Реал Мадрид призна дека направил грешка кога не го продал Герет Бејл во Кина, каде што репрезентативецот на Велс ќе заработуваше многу поголема плата, а притоа „кралевите“ ќе се ослободеа од трошоците.

Раководството на шпанскиот шампион призна дека направила грешка затоа што 31-годишниот фудбалер го спречила да се пресели во Џиангсу Сунинг минатото лето.

Поранешната ѕвезда на Тотенхем одигра само 14 меча минатата сезона, а нема да игра ниту во реваншот во Лигата на шампиони против Манчестер сити.

„Имав личен разговор со него. Барав да не игра против Сити. Останатото е меѓу мене и него, но тој кажа дека не сака да игра“, објасни Зинедин Зидан.