Барселона го соопшти името на фудбалерот кој е позитивен на коронавирус


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Утрово излезе информација дека еден од фудбалерите на Барселона е позитивен на коронавирус.

Среќна околност за клубот е тоа што играчот кој е заразен не е дел од групата која ќе патува во Лисабон на завршниот турнир од Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб сега соопшти дека заразениот фудбалер е Жан Клер Тодибо кој се врати од позајмицата во Шалке 04.

Тој по потврдениот тест е самоизолиран и во моментов не чувствува никакви симптоми на вирусот.