Тонали кажал „да“, се чека одговор од Бреша


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Еден од најбараните италијански играчи во овој преоден рок сигурно ќе биде Сандро Тонали од Бреша.

За фудбалерот од средниот ред сериозно притискаат Јувентус и Интер, а тимот од „Меаца“ долго време беше фаворит за неговиот потпис.

Сепак, по седнувањето на Пирло на клупата на Јувентус почнаа да се зголемуваат шпекулациите дека Тонали ќе оди во ТОрино.

Но, од тоа нема да има ништо затоа што највлијателните италијански медиуми пренесоа дека Тонали си пуштил рака со Интер за петгодишен договор.

Сега се чека само на Бреша да ја прифати понудата од Интер во висина од 40 милиони евра.