Тажно: Како изгледаше Меси по дебаклот на Барселона? (ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери во светот Лионел Меси долго ќе го памети мечот потив Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампиони, кој го загуби Барселона со 2-8.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која може да се забележат фудбалерите на Барселона на полувреме на натпреварот, кога Каталонците веќе имаа негатива од 1-4.

Голманот Марк-Андре Тер Штеген стоеше на вратата на соблекувалната која беше отворена, а некој успеа да го фотографира и тажниот Меси, на кој не му се веруваше што се случува на теренот.

Дефинитивно пораз кој каталонскиот гигант нема толку брзо да го заборави и ќе предизвика многу промени во екипата.