Џон Оби Микел и официјално се врати во Англија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Челси, Џон Оби Микел од денеска и официјално се врати во Англија.

Нигерискиот фудбалер потпиша договор со тимот на Стоук кој се натпреварува во Чемпионшип лигата.

„Презадоволни сме што го донесовме Џон во нашиот клуб. Негоавата кариера сама по себе зборува за калиброт на играчот.

Поминавме четири часа во разговор и тој ни појасни дека сака да се врати во Премиер лигата и да ја заврши кариерата таму. Се надеваме дека тоа ќе го стори со Стоук Сити“ –изјави тренерот на клубот, Мајкл Онил.