Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите го познаваат големото ривалство меѓу Реал Мадрид и Барселона, а се знае дека играчите се радуваат на неуспесите на противниците, но никој тоа не го призна толку отворено како Тони Крос.
Неговиот поранешен клуб, Баерн Минхен го декласираше каталонскиот гигант во четвртфиналето на Лигата на шампиони со 8-2.
Германецот откри што се пишувало во групата на Реал Мадрид на „Вацап“.
„Не можам да се сетам на сите детали, но можете и сами да помислите што сме пишувале. Од време на време имаше по некоја прослава“, кажа Крос.
Крос го спореди овој пораз со тој од Рома во 2018 година.
„Беше слично како во 2018 година, кога момците трчаа покрај мојата соба и врескаа. Не видов кој беше тоа, но најверојатно беше некој од моите соиграчи“, објасни Крос.