Само 5 минути му беа потребни на Лукаку да израмни убав рекорд на Роналдо (Видео)

Ромелу Лукаку по само пет минути игра донесе предност за Интер во финалето од Лига Европа против Севилја.

Белгиецот беше сигурен реализатор на најстрога казна која претходно самиот ја избори и со тоа стигна до својот 34 гол во сезоната со што се израмни со Бразиелцот Роналдо кој тоа го стори во дресот на Интер пред 22 години.