Поради триумфот на Баварците слават во Ливерпул, а тагуваат во Барселона!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен го победија ПСЖ во финалето на Лигата на шампиони со 1-0 и го освоија трофејот.

Победата на Баварците донесе радост и кај Ливерпул, додека во Барселона тагуваат. Причина за тоа е Филипе Кутињо, кој сезонава игра на позајмица во германскиот клуб.

Поради клаузула Барселона ќе мора да плати пет милиони евра на Ливерпул откако Бразилецот стана шампион на Европа.

Така играчот кој го платија 160 милиони евра успеа да им „скрати“ уште пет милиони евра од буџетот на Каталонците.