Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од кандидатите за претседател на Барселона, Жорди Фаре кажа дека разговарал со Јирген Клоп за можноста тој да стане тренер на каталонскиот гигант.
Тој вели дека Роналд Куман има долг период да се докаже на кормилото на Барселона, а доколку не успее, тогаш Клоп ќе биде негова замена.
„Ако Куман работи како што треба, секако дека нема ништо да менуваме. Но, имаме и план Б. Веќе разговарав со Јирген Клоп, зашто на мене и моите соработниции ни изгледа дека Барселона има потреба од таков тренер“, кажа тој.
Клоп неодамна кажа дека ќе остане во Ливерпул до 2024 година, а потоа ќе земе пауза. Се шпекулира дека тренерот сака да ја предводи германската репрезентација по тој период, но дотогаш има многу време.