Мегваер исфрлен од составот на репрезентацијата на Англија

Иако капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер се најде во составот на репрезентацијата на Англија за натпреварите од Лигата на нациите, откако стана јасно дека е виновен за инцидентот во Грција веднаш беше повлечен од истиот.

Така, стоперот нема да има право за настап за „Гордиот Албион“ на претстојните натпревари, а крајно неизвесна е и неговата репрезентативна кариера под водство на Герет Саутгејт.

Во следниот период се очекува и реакција од Оле Гунар Солскјер кој го назначи Мегваер за капитен на тимот, но по инцидентот голема е веројатноста дека капитенската лента ќе му биде одземена.