Јувентус блиску до изненадувачко засилување

Од таборот на Јувентус се блиску до ангажман на фудбалерот на Шекле 04, Вестон Мекени.

Интернационалецот од САД би требало да пристигне во Торино како позајмен фудбалер, а за позајмицата Јувентус на Шалке треба да им исплати сума од 3.5 милиони евра.

Јувентус ќе има можност и целосно да го откупи неговиот договор доколку Мекени задоволи во премиерната сезона во Серија А.

За младиот фудбалер за врска постоеше интерес и од таборот на Саутемптон кој не може да се натпреварува со италијанскиот гигант па ќе остане со празни раце во битката за неговиот потпис.