Мегваер открива: Ме шутираа и ми зборуваа „нема да играш повеќе фудбал“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер кажа во интервју за „Би-би-си“ дека нема намера да се извини за инцидентот на Миконос.

Тој е прогласен за виновник за нанесување телесни повреди, обид за мито, насилство врз полиција и навреди оп апсењето.

„Не се чувствувам како на некој да му долзам извинување, тоа служи кога нешто погрешно си направил. Се најдов во ситуација која може на било кого да му се случи“, вели 27-годишниот стопер.

Стоперот вели дека му е жал што клубот и навивачите поради него се чувствуваат лошо.

„Ме шутираа по нозе, бев во паника. Страв. Се плашев за својот живот. Моето семејство страда повеќе од мене, а мојата совест е чиста затоа што знам што се случи“, вели Мегваер.