„Специјалниот“ во свој стил – „Од***и!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Документарните серии за фудбалските клубови станаа профитабилна тема за поголемите платформи за стриминг како Нетфликс или Амазон. Амазон го започна циклусот „Се или ништо“ минатата година, прв на репертоарот на фудбалските тимови беше Манчестер Сити.

Оваа година ќе видиме како функционирал Тотенхем во текот на претходната, крајно турбулентна сезона.

Ќе ни кажат повеќе за раскинување на договорот со Покетино, доаѓањето на Мурињо и пристапот на клубот по почетокот на тековната пандемија на корона вирусот. Првите епизоди пристигнаа денес, а Мурињо веќе воодушевува.

Во една сцена гледаме како се разговара за заминувањето на Покетино и за назначувањето на Мурињо за шеф на „Петлите“. Еден од аналитичарите го брани Португалецот велејќи дека тој ја освоил Ла Лига, Премиер лига, Серија А, Лига на шампиони, додека друг колега прашува дали ова е навистина фудбалот што Тотенхем сака да го игра, алудирајќи на периодот во Манчестер Јунајтед.

Одговорот на Мурињо беше – „Од***и!“.