Се решава судбината на Лионел Меси, групацијата Сити нуди нешто невидено


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Судбината на Лионел Меси во Барселона би можела да се знае денес.

Таткото на аргентинската yвезда Хорхе денеска ќе одржи состанок со првиот човек на клубот Хосеп Марија Бартомеу и тој ќе се обиде да го ослободи синот од сите обврски кон Барселона.

Од друга страна, претседателот на каталонскиот гигант смета дека Меси се уште е под договор, дека тој автоматски е продолжен до летото 2021. година и не сака да го напушти клубот.

Затоа денешната средба ќе биде многу важна. Најверојатно ќе се знае барем дел од судбината на Лионел Меси, но она што му го нуди Сити Груп е нешто нечуено во светот на фудбалот.

Меси, наводно, се договорил за договор од 700 милиони евра со Сити во следните пет години. Тој ќе биде вработен во Сити групацијата, а според договорот, следните три години би ги поминал како играч на Манчестер Сити.

После овој клуб, тој ќе игра за Њујорк Сити од МЛС-лигата во преостанатите две години, а покрај редовните плати, во тие 700 милиони евра ќе вклучува и бонус како и дел во сопственичката структура на групацијата Сити.

Овој вид на договор е навистина невиден во светот на фудбалот и не е ни чудо што Меси сака да го напушти клубот.