Другарите на Нури играат во негова чест ширум клубовите во Европа (Фото)


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Многумина ја знаат тажната судбина на еден од најталентираните фудбалери од академијата на Ајакс, Абделхак Нури.

Младиот фудбалер колабираше на натпревар помеѓу Вердер и Ајакс кој беше од пријателски карактер и од тогаш веќе не води нормален живот.

Нури претрпе оштетувања на мозокот поради кои повеќе од две години беше во кома од која неодамна се разбуди, но и покрај тоа не води нормален живот.

Неговите другари кои ги минаа младинските категории во Ајакс му оддаваат почит со тоа што во клубовите го носат бројот кој тој го носеше на грбот додека играше за Ајакс.

Последен од играчите кои го избраа дресот со број 34 во својот клуб е Дони ван де Бек кој од денеска и официјално е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Од претходно дресот со број 34 го задолжија Џастин Клајверт, Амин Јунес, Филип Сандлер, Кевин Дикс и Жоел Велтман.