Анчелоти е господар на трансферите: За 60 милиони евра, тој носи три страшни засилувања

Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, ќе направи голем ремонт на тимот што го води од клупата оваа сезона.

Имено, тој веќе долго време ги бараше вистинските засилувања и се чини дека конечно ги најде, а ќе плати многу помалку од очекуваното.

Анчелоти сака да го смени целиот среден ред на Евертон и во клубот сака да ги донесе Џејмс Родригез од Реал Мадрид, Алан од Наполи и Дукуре од Ватфорд.

Со оглед на моменталната состојба на трансфери, овие тројца играчи се очекува да вредат многу, но Евертон ќе ги донесе за 60 милиони евра.

Тоа е многу мала сума пари со оглед на квалитетот на играчите што Анчелоти ќе ги добие во неговиот клуб, и тој уште еднаш покажа како работи.