Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Репрезентацијата на Англија стигна до минимална победа од 1:0 на гостувањето во Рејкјавик кај Исланд во воведното коло од Лигата на Нациите.
Во еден не многу интересен натпревар видовме возбудлива завршница во која беа досудени два пенали на двете страни.
Најпрво Англија преку Рахим Стерлинг поведе со 1:0 во 91. минута, за веќе во следниот напад да биде досуден пенал и за Исланд, меѓутоа тој не беше реализиран па „Гордиот Албион“ на крајот славеше победа.
Сличен, ако не и ист ваков развој на настаните имаше на натпреварот помеѓу младите селекции на Македонија и Шпанија кога „фуријата“ ја однесе победата со гол од пенал во финишот на натпреварот, а потоа нашата репрезентација не успеа да реализира удар од белата точка за реми.