Меси и понатаму не тренира со Барселона, позната и причината


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Лионел Меси донесе конечна одлука, па и следната сезона ќе го носи дресот на Барселона, а потоа како слободен агент ќе го напушти клубот.

Со тоа се стави крај на десетдневната сага по која многуина помислија дека еден најдобриот фудбалер на сите времиња ќе го напушти „Камп Ноу“.

И покрај тоа што посочи дека ќе остане, Меси не се појавил на денешниот тренинг на Барселона на кој биле Жорди Алба и Фелипе Кутињо.

Минатата недела Аргентинецот не го направи тестот за коронавирусот, а според медиумите токму тоа е причината што тој се уште не се појавува на тренинзите.