Михајловиќ е голем борец, ја доби битката и со коронавирусот


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Од таборот на Болоња денеска објавија дека српскиот стратег Синиша Михајловиќ ја добил битката со коронавирусот.

На 23 август по враќањето од одмор на Михајловиќ му беше откриен вирусот,  а бидејќи неодамна тој се мачеше со леукемијата многумина стравуваа за неговото здравје.

Сепак, по двата последователни негативни тестови, Михајловиќ се очекува да се приклучи на подготовките на својот тим.