Аталанта претстави уште еден нов играч


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аталанта по уште една одлична сезона во која стигнаа до четвртфиналето во Лигата на шампионите, тргна во потрага по засилувања.

Алексеј Миранчук пристигна од Московски Локомотив, Кристијан Ромеро е позајмен од Јувентус, а денес беше претставен уште еден нов играч во тимот од Бергамо.

Имено, Аталанта го донесе Кристијано Пичини од Валенсија.

Пичини, кој наскоро ќе наполни 28 години, пристигнува во Аталанта на позајмица со опција да го откупат договорот за околу три милиони евра.

Овој десен бек во минатото имаше големи проблеми со повредите, поради што неговата кариера започна да оди надолу, но во Бергамо очигледно веруваат дека можат да го вратат во вистинската форма и дека може да биде засилување за тимот.

Кристијано Пичини е производ на младинскиот тим на Фиорентина, кој го напушти во 2014. година кога замина во Бетис. Потоа играше за Спортинг, кој го продаде на Валенсија пред две години за осум милиони евра.