Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварите од полуфиналето на УС Опен се играа синоќа.
Осака за два часа и 11 минути ја совлада домашната претставничка Џенифер Брејди со 7:6, 3:6, 6:3. Ова е второ финале на УС Опен во последните три години за Јапонката. Во исто време, ова ќе биде трето финале на Грен слем турнирите во нејзината кариера.
Се очекуваше Серена Вилијамс да биде во финалето, но неочекувано загуби од Викторија Азаренка во три сета – 1:6, 6:3, 6:3.
Серена имаше и одредени здравствени проблеми, таа побара и медицински тајм-аут, па евидентно е дека во еден момент, токму поради повредата, нејзината игра целосно падна.
Сепак, таа делуваше на спортски начин, па по мечот изјави дека повредата нема никаква врска со нејзиниот пораз и успехот на Белорусинката. Азаренка го освои Австралија опен во 2012. и 2013. година.