Мурињо откри на која позиција сакаат да се засилат до крајот на преодниот рок

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо во интервју за англиските медиуми откри на која позиција сака да го засили својот тим во преостанатиот дел од преодниот рок.

Мурињо изјави дека е убеден дека во клубот до крајот на преодниот рок ќе пристигне нов напаѓач како поддршка за Хари Кејн.

„Сакам и ми треба напаѓач. Сакам да разјаснам дека клубот многу добро знае дека ми треба напаѓач, а знам дека и тие сакаат да донесат напаѓач.

Дали ние ќе донесеме напаѓач? Верувам, искрено верувам во тоа. На тимот му е потребен за баланс во тимот“ –изјави Мурињо.