Барселона со изненадувачка понуда за позајмица за фудбалер на Арсенал


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанската „Марка“ пренесува дека Барселона ова лето ќе тргне по услугите на еден фудбалер на Арсенал.

Каталонскиот клуб е заинтересиран во свите редови да го донесе фудбалерот на Арсенал, Хектор Белерин кој потекнува од нивната славна академија, но како дете се пресели во Лондон во редовите на АРсенал.

Барселона првично ќе испрати понуда за позајмица до Арсенал, а потоа целосно ќе се обиде да го откупи неговиот договор.

Првиот десен бек на клубот, Нелсон Семедо ќе си оди од „Камп Ноу“ откако воопшто не импресионираше по неговиот трансфер од Бенфика во 2017 година.