Пау Гасол докажа дека Коби Брајант никогаш нема да биде заборавен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коби Брајант загина на почетокот на оваа година во хеликоптерска несреќа, а меѓу загинатите е и неговата 13-годишна ќерка Џана.

Брајант е еден од најголемите спортисти досега и овој легендарен кошаркар никогаш нема да биде заборавен. Пау Гасол тоа го докажа со својот потег.

Имено, шпанскиот ас вчера стана татко откако доби ќерка со сопругата Кетрин Мекдонел. Ја нарекоа Елизабет Џана Гасол. Тие и дадоа средно име по ќерката на Коби Брајант.

“Нашето бебе конечно пристигна! Раѓањето помина многу добро и не можеме да бидеме посреќни. Елизабет Џана Гасол, многу значајно име за нашата убава ќерка”, напиша Гасол во соопштението.

Гасол и Брајант ја делеа соблекувалната на ЛА Лејкерс седум години за време на нивната играчка кариера, и тие беа одлични пријатели надвор од паркетот.