Рис Џејмс со проектил ја искина мрежата на Рајан (Видео)

Дефанзивецот на Челси, Рис Џејмс игра одличен натпревар против Брајтон со кој си купува дополнителна минутажа за во иднина кај Френк Лампард.

Џејмс најпрво со маестрален погодок зголеми на 2:1 на натпреварот, за потоа и да му асистира на Курт Зума кој го постигна третиот гол за Челси.

Мора да се признае, голот кој го постигна Џејмс речиси сигурно ќе конкурира и за гол на сезоната иако е постигнат во првото коло од Премиер лигата.