Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед го допре дното поради алкохол и депресија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Северна Ирска, Рој Керол, деновиве ја отвори душата и го откри тажното минато зад него.

Покрај голот на „Црвените ѓаволи“, кој го бранеше на 31 натпревар, тој меѓу другите играше и за Вест Хем, Виган, Хал Сити, Дерби, Олимпијакос, а минатата година кариерата ја заврши во полуаматерскиот клуб Линфилд.

Можеби траекторијата на клубовите во кои играше од Манчестер Јунајтед до Линфилд е најдобриот показател за траекторијата на неговиот живот – од височините, до самото дно. На еден подкаст, тој ја отвори душата и ги раскажа сите тешкотии низ кои минуваше.

Ќе се обидам да ти објаснам … Бев депресивен, ги правев истите работи секој ден и се најдов во мала дупка, која стануваше се поголема и поголема. Бев повреден и не одев ниту на тренинг, па ми рекоа да направам пауза од два месеци. Така влегов во рутина, станав во 10 часот, веднаш почнав да пијам и пиев цел ден “.

Подоцна, сето тоа влијаеше на семејството.

“Жената и децата доаѓаа, а јас бев толку депресивен и не можев да направам ништо. Беше ужасно чувство. Да ти објаснам сè, ќе се вратам малку назад, во период кога имав многу пријатели. Кога го допрев дното видов кои се моите вистински пријатели! “, вели Керол.

“Мојата сопруга знаеше дека сум во лоша состојба и затоа отидов на лекување. Во суштина, сопругата и агентот ме испратија таму. Не бев ни свесен колку сум лош во тоа време. Не сакав да ме лекуваат и им се спротивставував. На крајот, заминав само заради нив, но си реков дека нема да се откажам од пиењето … “

Се разбира, тоа беше вистинска мамка за упорните новинари кои го следеа по патот.

“Останав на клиника шест дена, после тоа не пиев една недела и за тоа време новинарите стоеја пред мојата куќа. По тие седум дена тие престанаа да доаѓаат, а јас продолжив да пијам. И така, еден ден јас се разбудив разведен и морав да се иселам од семејната куќа. Еден ден се погледнав во огледало и се прашував ‘Кој сум јас?’ Не се ни препознав во огледало. Ја сменив облеката и отидов кај сопругата да ја замолам да ме прими назад “, вели видливо потресениот Керол.

Северноирецот остана во меморијата на навивачите на Јунајтед пред 15 години, кога прими гол од половина терен за време на мечот против Тотенхем, но за негова среќа судијата не го призна истиот, иако бавното движење јасно покажува дека топката ја минала гол-линијата.