Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И во вториот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА, Мајами Хит славеше против Бостон Селтикс (106:101) и сега има 2:0.
Мајами славеше тесно на првиот натпревар, откако Адебајо ги „спушти ролетните“ за Татум, а вториот натпревар беше прилично изедначен, за на крајот да оди во корист на Мајами.
Бостон водеше со 31:28 по првата четвртина, така што Селтикси во второто полувреме имаа дури 17 поени предност, а на полувремето беа на плус 13 (60:47). Предноста започна да се топи во третиот период, така што Мајами влезе во вистински ритам и до крајот на истиот стигна до пресврт, па дури и добра предност (84:77).
Во четвртата четвртина имаше резултатски пресврти, но Мајами се снајде подобро на самиот крај и дојде до победа од 2:0 во серијата на финалето на Истокот.
Горан Драгиќ постигна 25 поени во Мајами, Бам Адебајо имаше 21 поени со 10 скока, додека Данкан Робинсон додаде 18, а Џими Батлер 14 поени. Кемба Вокер беше најдобар кај Селтикс со 23 поени и седум скока, Џејсон Тејтум постигна 21, а Маркус Смарт 14 поени.
Инаку, по натпреварот имаше жестока дебата во соблекувалната на Бостон, а наводно најжесток бил Смарт, кој изрази незадоволство од поразот со разни пцовки, и покрај тоа што неговиот тим водеше со 17 поени разлика.
“Не беше ништо”, рече Вокер, кој ја смири ситуацијата, додавајќи: “Човеку, тие не надиграа. Ова е навистина неприфатливо. Беше навистина лоша таа трета четвртина за нас. Ние се распаднавме”.