Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем вчера потешко од очекуваното избори пласман во третото квалификациско коло од Лига Европа, откако со 2-1 славеше против Локомотив Пловдив, па сега следна на ред е Шкендија.
Жозе Мурињо заедно со неговите момци доаѓа во Скопје, каде што ќе се обиде да слави против македонскиот тим, но проблем е тоа што во само неколку дена игра дури три натпревари.
Пеколот почнува против незгодниот Саутемптон на гостински терен на 20 септември, а два дена подоцна ќе се соочи против Лејтон Ориент во Лига Купот, по што на 24 септември премиерлигашот ќе настапи во Скопје.
Тотенхем не се покажа во второто квалификациско коло, кога губеше со 0-1 во Бугарија, но во последните десет минути успеа да го сврти мечот во своја корист.