Германски доктор откри први детали за здравствената состојба на Шумахер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот доктор Ерих Ридерер неодамна даде изјава за италијанските медиуми за тоа како се чувствува поранешниот возач во Ф1, Михаел Шумахер.

Германецот зборуваше за несреќата на неговиот сонародник во 2013 година и конечно откри први детали за неговото здравје.

„Шумахер е буден, дише, срцето добро му функционира. Мислам дека може и да седне, но тоа е максимумот од него. Повредите кои ги доби се трајни и не може да функционира како претходно“, открива докторот.

Неодамна беше објавено дека Шумахер ќе оди на операција на матични ќелии за обновување на нервниот систем, но повеќе детали од тоа не се откриваа.