Навивачите на Ливерпул воодушевени: Алкантара за 45 минути урна рекорд во Премиерлигата


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Тијаго Алкантара го засили Ливерпул пред неколку дена и дебитираше во мечот против Челси (0-2), а за само едно полувреме успеа да постави рекорд во Премиерлигата.

За само едно полувреме на теренот, Алкантара имаше 75 успешни додавања, односно повеќе од сите фудбалери на Челси за 90 минути. Но и најмногу на фудбалер за 45 минути во било кој меч во Премиерлигата уште од сезоната 2003/04.

Навивачите на Ливерпул со право беа воодушевени и му дадоа многу комплименти на искусниот фудбалер, кој без сомнеж ќе биде големо засилување за шампионот.