Не смеат да го исфрлат Новак на Ролан Гарос: Србинот може да се опушти поради промената на правилата, другите се уште во паника!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ролан Гарос одлучи да го смени „протоколот за ковид-19“ пред почетокот на турнирот, откако претходните денови дисквалификуваше неколку тенисери (или нивни тренери) кои беа позитивни – или лажно позитивни на тестот, вклучувајќи ги Дамир Џумхур, Никола Милојевиќ, Фернандо Вердаско.

Во иднина, тенисерите кои имаат доказ дека претходно имале Ковид-19 и кои добиле позитивен тест за време на Ролан Гарос, нема да бидат исфрлени од турнирот, според францускиот весник „Л’Екип“.

Ова исто така значи дека Новак Ѓоковиќ е безбеден, бидејќи тој беше заразен со вирусот корона во текот на јуни, како и некои други играчи како Александар Зверев, Григор Димитров или Беноа Перо. Борна Чориќ можеше да смета на тоа, но тој веќе беше елиминиран од Ролан Гарос во првото коло.

Причината зошто тие имаат предност во однос на другите е што имаат развиено антитела по инфекцијата, а понекогаш може да се случи почесто да имаат лажен позитивен тест поради тоа.

Сè што треба да направат играчите е да докажат со документ дека претходно имале корона вирус и дека нема да ги сметаат повторно за позитивни, што е големо олеснување за споменатите тенисери, особено за Новак Ѓоковиќ, пред продолжението на турнирот.

Причината е стресот на кој биле изложени пред секој тест, што е многу честа појава, бидејќи може да се случи лажен позитивен тест да ги исфрли од турнирот …

Од друга страна, другите тенисери кои немале корона вирус, ќе се надеваат дека ќе избегнат вакво сценарио, што не е невозможно, а тоа го видовме и во случаите на Џумхур и други тенисери, поради што Ролан Гарос беше на удар.

Секако, Ѓоковиќ не смее да дозволи да биде исфрлен од трката за титулата со потег како на УС Опен, а нападот на пехарот ќе започне во вторник против шведскиот тенисер Микаел Имер.